24. Тоа го направи Јодаевиот син Венај и се прослави со името меѓу оние тројца јунаци.
25. Беше најпрочуен меѓу триесетмината, но не ги достаса оние тројца. Давид го постави за заповедник на своите телохранители.
26. Храбри јунаци беа: Јоавовиот брат Асаил, Додовиот син Елханан од Витлеем,
27. Арорецот Самот, Фелонецот Хелис;
28. Икисовиот син Ира, Текоец, Анатотецот Авиезер;
29. Хусецот Сивехај, Илај Ахохецот;
30. Марај Нетофатецот, Ваниниот син Хелед, Нетофатец;
31. Риваевиот син Итај од Гаваја на Венијаминовите синови, Венај Фаратонецот;
32. Урај од Гаските Потоци, Авил Варумецот,
33. Елијав Салвонецот.
34. Синови на Асим Гизонецот: Сагиниот син Јонатан, Арарец;
35. Сахаровиот син Ахијам, Арарец, Уровиот син Елифал;
36. Ефер Мехирецот, Ахиј Фелонецот;