Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 11:3-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Така дојдоа сите израелеви старешини кај царот во Хеврон, а царот Давид склучи со нив сојуз во Хеврон пред Господа, и го помазаа Давида за цар над Израел, како што Господ му имаше речено на Самоила.

4. Тогаш Давид отиде со сите Израелци во Ерусалим, а тоа е Евус, зашто таму беа Евусејците и живееја во онаа земја.

5. Но Евусејците му порачаа на Давида: „Не ќе влезеш ваму!” Сепак Давид ја освои Сионската Тврдина, односно Давидовиот Град.

6. Зашто Давид рече: „Кој прв ќе ги порази Евусејците, ќе биде врховен началник и кнез.” Прв се искачи Серуиниот син Јоав и стана началник.

7. Тогаш Давид се насели во таа тврдина; затоа ја нарекоа Давидов Град.

8. Тогаш го изгради градот наоколу, од Милон до оградата, а Јоав го обнови другиот дел на градот.

9. Давид стануваше сè посилен, зашто Господ над Војските беше со него.

10. Еве ги началниците на Давидовите јунаци кои работеа јуначки покрај него за неговото царство со сиот Израел за да го зацарат, според Господовото слово, над Израел.

11. Еве го пописот на Давидовите јунаци: Ахмониевиот син Јасовеам, главатар на триесетмина; тој замавна со своето копје на триста и ги погуби одеднаш.

12. По него Додовиот син Елеазар, Ахошанец, еден од трите јунаци.

13. Тој беше со Давида во Фас-Дамим, кога Филистејците се собраа за бој, а таму имаше поле полно со јачмен; кога народот почна да бега пред Филистејците,

14. тие застанаа сред тоа поле и го одбранија истепувајќи ги Филистејците. Така Господ им даде голема победа.

15. Тројца од тие триесетмина еднаш слегоа до стената кај Давида во Одаламската Пештера, кога филистејските чети стоеја во Рафајската Долина.

16. Тогаш Давид беше во своето укрепено место, а филистејската посада тогаш беше во Витлеем.

17. Давид посака: „О кога некој би ме напил вода од Витлеемскиот Кладенец што е кај вратата!”

18. Тогаш тие тројца продреа низ филистејскиот логор и, откако нацрпија вода од Витлеемскиот Кладенец, му ја донесоа и му ја дадоа на Давида. Но Давид не сакаше да пие, туку ја истури како налевница за Господа

19. говорејќи: „Да не ми даде мојот Бог да го направам тоа! Зар да ја пијам крвта на овие луѓе? Та изложувајќи го животот на смрт, донесоа вода.” И не сакаше да пие. Ете тоа го направија тие тројца јунаци.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 11