Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 11:7-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Тогаш Давид се насели во таа тврдина; затоа ја нарекоа Давидов Град.

8. Тогаш го изгради градот наоколу, од Милон до оградата, а Јоав го обнови другиот дел на градот.

9. Давид стануваше сè посилен, зашто Господ над Војските беше со него.

10. Еве ги началниците на Давидовите јунаци кои работеа јуначки покрај него за неговото царство со сиот Израел за да го зацарат, според Господовото слово, над Израел.

11. Еве го пописот на Давидовите јунаци: Ахмониевиот син Јасовеам, главатар на триесетмина; тој замавна со своето копје на триста и ги погуби одеднаш.

12. По него Додовиот син Елеазар, Ахошанец, еден од трите јунаци.

13. Тој беше со Давида во Фас-Дамим, кога Филистејците се собраа за бој, а таму имаше поле полно со јачмен; кога народот почна да бега пред Филистејците,

14. тие застанаа сред тоа поле и го одбранија истепувајќи ги Филистејците. Така Господ им даде голема победа.

15. Тројца од тие триесетмина еднаш слегоа до стената кај Давида во Одаламската Пештера, кога филистејските чети стоеја во Рафајската Долина.

16. Тогаш Давид беше во своето укрепено место, а филистејската посада тогаш беше во Витлеем.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 11