Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 12:23-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Еве го бројот на луѓето вооружени за војна, кои дојдоа кај Давида во Хеврон за да го пренесат на него Сауловото царство, според Господовата повелба:

24. Јудини синови, кои носеа штит и копје, шест илјади и осум стотини вооружени за војна.

25. Од Симеоновите синови, храбри јунаци за војна, седум илјади и сто.

26. Од Левиевите синови четири илјади и шест стотини.

27. Така и Јодај, главатар на Ароновите потомци, и со него три илјади и седум стотини;

28. и младиот Садок, храбар јунак, и од неговиот род дваесет и два кнеза.

29. А од Венијаминовите синови, од Сауловите браќа, три илјади, зашто дотогаш најголемиот дел уште му остана верен на Сауловиот дом.

30. Ефремови синови дваесет илјади и осум стотини, сè храбри јунаци, луѓе на глас во своите семејства.

31. Од половината Манасиево племе осумнаесет илјади спомнати по име, за да дојдат да го зацарат Давида.

32. Од Исахаровите синови, кои умееја да го разберат своето време и да сознаат што треба да направи Израел; двеста нивни главатари. Сите нивни браќа им беа подложени.

33. Од Завулоновите синови, способни за војна и вооружени за бој со секакво бојно оружје, педесет илјади, кои со смело срце се подредија во бојни редови.

34. Од Нефталимовото племе илјада кнезови и со нив триесет и седум илјади луѓе со штитови и со копја;

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 12