Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 12:6-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Елкана, Есиј, Азареил, Јоезер и Јасовеам, Кореовци;

7. Јоил и Зевадиј, синови на Јероам Гедорец.

8. Некои Гадовци преминаа кон Давида во тврдината во пустината, храбри јунаци, воини, вешти на бој, вооружени со штит и со копје; лицата им беа како лавски, а беа брзи како срни по горите:

9. началникот Есер, втор Овадиј, трет Елијав;

10. четврти Мисман, петти Еремиј,

11. шести Атај, седми Елил;

12. осми Јоанан, деветти Елзавал,

13. десетти Еремиј, единаесетти Мохванај.

14. Тоа беа воени старешини од Гадовите синови, најмалиот над стотина, а најголемиот над илјада.

15. Тоа се оние кои во првиот месец преминаа преку Јордан, кога се разлеа преку сите свои брегови, и кои ги растераа сите жители од длабоките долини на исток и на запад.

16. Дојдоа и од Венијаминовите и од Јудините синови кај Давида во тврдината.

17. Давид излезе пред нив и, откако проговори, им рече: „Ако доаѓате со мир кај мене за да ми помогнете, моето срце ќе се соедини со вашето; ако дојдовте за да ме предадете на моите непријатели, Бог на нашите татковци нека види и нека суди, зашто нема неправда врз моите раце!”

18. Тогаш духот го опфати Амасај, началникот над триесетмината, и тој рече: „Тебе, Давиде! Со тебе, Јесеев сине, мир! Мир со тебе, мир со оној кој ти помага, зашто твој помошник е твојот Бог!” Така Давид ги прими и ги постави меѓу војводите над четите.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 12