Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 13:9-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Кога дојдоа до Хидоновото Гумно, Уза посегна со раката за да го придржи Ковчегот, зашто воловите не го превртија за малку.

10. Но Господ се разгневи на Уза и го удри, зашто ја испружи раката кон Ковчегот. Таму умре пред Бога.

11. На Давида му беше жал дека Господ го удри така Уза, и тој го нарече тоа место Ферес-Уза, како што се вика и ден-денес.

12. Во тој ден Давид се исплаши од Господа и рече: „Како ќе го донесам кај себе Божјиот Ковчег?”

13. Не го премести Ковчегот кај себе во Давидовиот Град, туку го засолна во куќата на Гетеецот Овид-Едом.

14. И Божјиот Ковчег остана кај Овид-Едомовото семејство, во неговиот дом, три месеци. Затоа Господ ги благослови Овид-Едомовата куќа и сè што имаше.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 13