Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 14:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Таму ги оставија своите богови; а Давид заповеда и ги изгореа во оган.

13. Пак Филистејците се раширија по онаа долина.

14. Давид пак Го праша Бога, а Бог му одговори: „Не оди по нив, туку опкружи ги и нападни врз нив од спротивната страна на Бекаим.

15. Па кога ќе чуеш шум од чекори по Бекаимските Врвови, тогаш излези во бој, зашто тогаш Бог ќе оди пред тебе за да ја погуби филистејската војска.

16. Давид направи како што му заповеда Бог; и ја поразија филистејската војска од Гаваон до Гезер.

17. Давидовото име се прочу по сите земји, а Господ им влеа страв од него на сите народи.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 14