1. Тогаш Давид изгради дворци во Давидовиот Град, подготви место за Ковчегот и му оптегна Шатор.
2. Потоа Давид рече: „Никој не смее да го носи Божјиот Ковчег освен левитите, зашто Господ ги избра нив за да го носат Божјиот Ковчег и за да му служат довека.”
3. Давид го собра сиот Израел во Ерусалим за да го пренесат Господовиот Ковчег горе на неговото место што му го беше подготвил.
4. Давид ги собра и Ароновите синови и левитите.
5. Од Каатовите синови: кнезот Урил и сто и дваесет негови браќа;
6. од Мерариевите синови: кнезот Асај и двеста и дваесет негови браќа;
7. од Гирсоновите синови: кнезот Јоел и сто и триесет негови браќа.
8. Од Елисафановите синови: кнезот Семај и двеста негови браќа.
9. Од Хевроновите синови: кнезот Елил и осумдесет негови браќа;
10. од Озиловите синови: кнезот Аминадав и сто и дваесет негови браќа.
11. Тогаш Давид ги повика свештениците Садок и Авијатар, и левитите Урил, Асај, Јоил, Самај, Елил и Аминадав,