Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 15:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Давид изгради дворци во Давидовиот Град, подготви место за Ковчегот и му оптегна Шатор.

2. Потоа Давид рече: „Никој не смее да го носи Божјиот Ковчег освен левитите, зашто Господ ги избра нив за да го носат Божјиот Ковчег и за да му служат довека.”

3. Давид го собра сиот Израел во Ерусалим за да го пренесат Господовиот Ковчег горе на неговото место што му го беше подготвил.

4. Давид ги собра и Ароновите синови и левитите.

5. Од Каатовите синови: кнезот Урил и сто и дваесет негови браќа;

6. од Мерариевите синови: кнезот Асај и двеста и дваесет негови браќа;

7. од Гирсоновите синови: кнезот Јоел и сто и триесет негови браќа.

8. Од Елисафановите синови: кнезот Семај и двеста негови браќа.

9. Од Хевроновите синови: кнезот Елил и осумдесет негови браќа;

10. од Озиловите синови: кнезот Аминадав и сто и дваесет негови браќа.

11. Тогаш Давид ги повика свештениците Садок и Авијатар, и левитите Урил, Асај, Јоил, Самај, Елил и Аминадав,

12. па им рече: „Вие сте главатари на левитските семејства; осветете се себеси и своите браќа за да го пренесете горе Ковчегот на Господа, Израелевиот Бог, на местото што му го подготвив.

13. Зашто нè погуби Господ, нашиот Бог, затоа што првиот пат вие не бевте присутни и затоа што не Го баравме онака како што треба.”

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 15