Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 15:17-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Левитите ги поставија Јоиловиот син Еман, а од неговите браќа Варахиевиот син Асаф, и од нивните браќа, Мерариевите синови, Кисеовиот син Етан.

18. Со нив нивните браќа од вториот ред: Захариј, синот Јазилов, Семирамот, Ехил, Униј, Елијав, Венаја, Масиј, Мататиј, Елифел, Микнеј, Овид-Едом и Еил, вратари.

19. А пејачите Еман, Асаф и Етан удираа громко во бронзените кимвали.

20. А Захариј, Азил, Семирамот, Ехил, Униј, Елијав, Масиј и Венаја во псалтири со високи звуци;

21. а Мататиј, Елифел, Микнеј, Овид-Едом, Елиј и Азазиј во гуслиња, во осминска придружба.

22. Хенаниј, кнезот на оние левити кои го носеа Ковчегот, управуваше со пренесувањето, зашто беше вешт.

23. Варахиј и Елкана беа вратари кај Ковчегот.

24. Севаниј, Јосафат, Натанаил, Амасај, Захариј, Венаја и Елиезер, свештеници, трубеа во труби пред Божјиот Ковчег; Овид-Едом и Ехиј беа вратари кај Ковчегот.

25. Така Давид со израелските старешини и со илјадниците одеше радосно пренесувајќи го горе Ковчегот на Господовиот Завет од Овид-Едомовата куќа.

26. Кога Бог им помогна на левитите кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, жртвуваа седум јунци и седум овни.

27. Давид беше наметнат со плашт од тенко платно, а исто така и сите левити кои го носеа Ковчегот, и пејачите и Хенаниј кој управуваше со носачите среде пејачите. Давид имаше ленен наплеќник врз себе.

28. Така сиот Израел го пренесуваше горе Ковчегот на Господовиот Завет, радосно воскликнувајќи наспоредно со звуците на роговите, трубите и кимвалите, играјќи при звуците на псалтирите и гуслињата.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 15