Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 15:8-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Од Елисафановите синови: кнезот Семај и двеста негови браќа.

9. Од Хевроновите синови: кнезот Елил и осумдесет негови браќа;

10. од Озиловите синови: кнезот Аминадав и сто и дваесет негови браќа.

11. Тогаш Давид ги повика свештениците Садок и Авијатар, и левитите Урил, Асај, Јоил, Самај, Елил и Аминадав,

12. па им рече: „Вие сте главатари на левитските семејства; осветете се себеси и своите браќа за да го пренесете горе Ковчегот на Господа, Израелевиот Бог, на местото што му го подготвив.

13. Зашто нè погуби Господ, нашиот Бог, затоа што првиот пат вие не бевте присутни и затоа што не Го баравме онака како што треба.”

14. Тогаш свештениците и левитите се осветија за да го пренесат горе Ковчегот на Господа, Израелевиот Бог.

15. Левитските синови го понесоа Божјиот Ковчег, на своите раменици, на драгови, како што заповеда Мојсеј според Господовиот збор.

16. Тогаш Давид им рече на левитските кнезови да од своите браќа постават пејачи со музички справи, со псалтири, со гуслиња и со кимвали, за да се слуша и за да се одгласува силно радосното пеење.

17. Левитите ги поставија Јоиловиот син Еман, а од неговите браќа Варахиевиот син Асаф, и од нивните браќа, Мерариевите синови, Кисеовиот син Етан.

18. Со нив нивните браќа од вториот ред: Захариј, синот Јазилов, Семирамот, Ехил, Униј, Елијав, Венаја, Масиј, Мататиј, Елифел, Микнеј, Овид-Едом и Еил, вратари.

19. А пејачите Еман, Асаф и Етан удираа громко во бронзените кимвали.

20. А Захариј, Азил, Семирамот, Ехил, Униј, Елијав, Масиј и Венаја во псалтири со високи звуци;

21. а Мататиј, Елифел, Микнеј, Овид-Едом, Елиј и Азазиј во гуслиња, во осминска придружба.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 15