Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 16:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш го внесоа Божјиот Ковчег и го поставија сред шаторот што му го беше оптегнал Давид. Тогаш принесоа паленици и помирителни жртви пред Господа.

2. Откако принесе паленици и помирителни жртви, Давид го благослови народот во Господовото име.

3. Тогаш им подели на сите Израелци, на мажите и на жените, секому по еден кружен леб, парче месо и низаница суво грозје.

4. Тогаш постави пред Господовиот Ковчег службеници, од левитите, да Го вознесуваат, да Го слават и да Го фалат Господа, Израелевиот Бог, и тоа:

5. главатарот Асаф, а втор по него Захариј, потоа Еил, Семирамот, Ехил, Мататиј, Елијав, Венаја, Овид-Едом и Еил со псалтири и гуслиња; Асаф удираше во кимвали.

6. Свештениците Венаја и Јазил беа непрекратно со труби пред Ковчегот на Господовиот Завет.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 16