12. Спомнете си за чудата што ги направи, за Неговите чуда и за судовите на Неговата уста,
13. Израелевиот род е Негов слуга, Јакововите синови Негови избраници.
14. Тој е Господ, наш Бог; Неговите судови се по сета земја!
15. Спомнувајте си секогаш за Неговиот Завет, за словото кое им го објави на илјадници поколенија;
16. за Заветот што го склучи со Авраама и Неговата заклетва на Исака.
17. Тоа им го постави како закон на Јакова, како вечен Завет на Израел.
18. Велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам Ханаанската Земја како дел во ваше наследство.”
19. Тие беа малубројни, и ништожни, и придојденици во неа.
20. Одеа од народ до народ, од едно царство кон друг народ.
21. Но Тој не му дозволи никому да ги угнетува, ги казнуваше заради нив царевите:
22. ”Не допирајте ги Моите помазаници, не правете им зло на Моите пророци!”
23. Пеј Му на Господа, цела Земјо! Проповедајте го од ден на ден Неговото спасение!