Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 16:26-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Ништожни се сите богови на народите. Господ ги создаде небесата.

27. Славата и величеството се пред Него, силата и радоста во Неговото Светилиште.

28. Дајте Му ги на Господа, народни племиња, дајте Му ги на Господа славата и честа!

29. Дајте Му ја на Господа славата на Неговото Име, носете приноси и доаѓајте пред Неговото лице! Поклонете Му се на Господа во блесокот на Неговата светост!

30. Трепери пред Него, сета Земјо! Ја зацврсти вселената за да не се заљулее.

31. Небесата нека се веселат и земјата нека воскликнува; нека се зборува меѓу незнабошците: „Господ царува!”

32. Морето нека бучи и сè што е во него; полето нека се радува и што е на него!

33. Горските дрвја нека ликуваат пред Господа, зашто доаѓа да и суди на земјата.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 16