Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 16:3-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Тогаш им подели на сите Израелци, на мажите и на жените, секому по еден кружен леб, парче месо и низаница суво грозје.

4. Тогаш постави пред Господовиот Ковчег службеници, од левитите, да Го вознесуваат, да Го слават и да Го фалат Господа, Израелевиот Бог, и тоа:

5. главатарот Асаф, а втор по него Захариј, потоа Еил, Семирамот, Ехил, Мататиј, Елијав, Венаја, Овид-Едом и Еил со псалтири и гуслиња; Асаф удираше во кимвали.

6. Свештениците Венаја и Јазил беа непрекратно со труби пред Ковчегот на Господовиот Завет.

7. Во тој ден Давид им довери за првпат на Асаф и на неговите браќа да Го слават Господа со овај псалм:

8. Славете Го Господа, повикувајте Му го Името; навестувајте ги сред народите Неговите дела!

9. Пејте Му, свирете Му, проповедајте ги сите Негови чудеса!

10. Фалете се со Неговото свето Име, нека се радува срцето на оние што Го бараат Господа!

11. Барајте Го Господа и Неговата сила, барајте го секогаш Неговото лице!

12. Спомнете си за чудата што ги направи, за Неговите чуда и за судовите на Неговата уста,

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 16