Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 16:9-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Пејте Му, свирете Му, проповедајте ги сите Негови чудеса!

10. Фалете се со Неговото свето Име, нека се радува срцето на оние што Го бараат Господа!

11. Барајте Го Господа и Неговата сила, барајте го секогаш Неговото лице!

12. Спомнете си за чудата што ги направи, за Неговите чуда и за судовите на Неговата уста,

13. Израелевиот род е Негов слуга, Јакововите синови Негови избраници.

14. Тој е Господ, наш Бог; Неговите судови се по сета земја!

15. Спомнувајте си секогаш за Неговиот Завет, за словото кое им го објави на илјадници поколенија;

16. за Заветот што го склучи со Авраама и Неговата заклетва на Исака.

17. Тоа им го постави како закон на Јакова, како вечен Завет на Израел.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 16