Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 17:3-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Но уште во истата ноќ му дојде на Натана ова Божјо слово:

4. ”Оди и кажи му на Мојот слуга Давид: ‘Господ зборува вака: „Ти нема да Ми направиш куќа за да живеам во неа.

5. Никогаш не престојував во куќа откако го изведов Израел од Египет па до денешниот ден, туку одев од шатор до шатор, и од престојувалиште до престојувалиште.

6. Додека одев со сиот Израел, дали му реков еден збор на некој од израелевите судии, на кои им заповедав да му бидат пастири на Мојот народ, и дали му кажав: ‘Зошто не Ми изградите куќа од кедрово дрво?’”‘

7. Затоа сега речи му го ова на Мојот слуга Давид: ‘Господ над Воинствата зборува вака: „Јас те доведов од пасиштата, од овците и од козите, за да бидеш кнез над Мојот Израелски народ.

8. Бев со тебе каде и да одеше, ги истребив сите твои непријатели пред тебе. Јас ќе ти набавам големо име, како што е името на големците на земјата.

9. Ќе му одредам престојувалиште на Својот Израелски народ и ќе го посадам за да живее на свое место и да не скита веќе наоколу, ниту да го измачуваат неправедниците како порано,

10. тогаш кога одредив судии над Својот Израелски народ. Ќе ги покорам сите твои непријатели и ќе те направам голем, Господ ќе ти подигне дом.

11. Зашто кога ќе се исполнат твоите животни денови и кога ќе дојде времето да починеш кај татковците, ќе го подигнам твојот потомок по тебе, кој ќе биде од твоите синови, и ќе го утврдам неговото царство.

12. Тој ќе Ми изгради дом, а Јас ќе го утврдам неговиот престол засекогаш.

13. Јас ќе му бидам нему татко, а тој ќе Ми биде Мене син: нема да ја одвратам Мојата милост од него, како што ја одвратив од неговиот претходник.

14. Ќе го утврдам во Мојот дом и во Моето царство довека, и неговиот престол ќе му стои цврсто засекогаш.”‘“

15. Натан му ги пренесе на Давида сите тие зборови и целото видение.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 17