Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 18:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, та го одзеде Гат со неговите села од филистејските раце.

2. Ги порази и Моавците, и тие станаа Давидови поданици кои му донесуваа данок.

3. Давид го порази и Адад-Езера, совскиот цар во Емат, кога излезе да ја утврди својата власт до реката Еуфрат.

4. Давид зароби од него илјада бојни коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги пресече петичните жили на сите коњи на бојните коли, остави само сто.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 18