Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 18:3-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Давид го порази и Адад-Езера, совскиот цар во Емат, кога излезе да ја утврди својата власт до реката Еуфрат.

4. Давид зароби од него илјада бојни коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги пресече петичните жили на сите коњи на бојните коли, остави само сто.

5. Дамаските Арамејци му беа дошле на помош на Адад-Езер, ама Давид погуби меѓу Арамејците дваесет и две илјади луѓе.

6. Постави намесник во Арамејскиот Дамаск. Така Арамејците станаа Давидови поданици и требаа да му плаќаат данок. Господ му даваше победа на Давида каде и да одеше.

7. Давид ги заплени златните штитови што ги имаа Адад-Езеровите слуги, и ги донесе во Ерусалим.

8. И од Адад-Езеровите градови Тиват и Хун однесе многу бронза, од која Соломон го направи бронзеното море, столбовите и бронзените посатки.

9. Кога ематскиот цар Тој чу дека Давид ја порази целата војска на Адад-Езера, совскиот цар,

10. му го испрати на Давида својот син Адорам за да го поздрави и за да му честита, зашто војуваше против Адад-Езера и зашто го порази, бидејќи Тој беше во војна со Адад-Езер; и за да му однесе секакви златни, сребрени и бронзени предмети.

11. И нив Давид му ги посвети на Господа со среброто и златото што го имаше земено од сите народи, од Едомците, од Моавците, од Амонците, од Филистејците и од Амаликците.

12. Серуиниот син Ависај погуби осумнаесет илјади Едемци во Солената Долина.

13. Давид постави намесници по Едом. Така сите Едомци станаа Давидови слуги. И каде и да одеше Давид, Господ му даваше победа.

14. Давид царуваше над сиот Израел правејќи му право и правда на сиот свој народ.

15. Серуиниот син Јоав беше заповедик на војската; синот Ахилудов беше таен советник.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 18