Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 19:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Тогаш Јоав и војската која беше со него почнаа да се доближуваат за да удрат на Арамејците, но тие избегаа пред нив.

15. Кога Амонците видоа дека Арамејците избегаа, избегаа и тие пред неговиот брат Ависај и се повлекоа в град. Тогаш Јоав се врати во Ерусалим.

16. А Арамејците, откако видоа дека Израелците ги поразија, испратија пратеници и доведоа Арамејци, што се од онаа страна на Реката, на чело со Софак, военачалник на Адар-Езеровата војска, кој ги предводеше.

17. Откако му го соопштија тоа на Давида, тој ги собра сите Израелци, и по преминувањето преку Јордан, им се доближи на Арамејците и се подреди пред нив; кога Давид се подреди во боен ред спрема Арамејците, тие почнаа бој со него.

18. Но Арамејците почнаа да бегаат пред Израелците, и Давид им истепа седум илјади коњи на бојните колесници и четириесет илјади пешаци; го погуби и военачалникот Софак.

19. Кога Адад-Езеровите слуги видоа дека Израел ги разби, склучија мир со Давида и почнаа да му служат. А Арамејците веќе не се осмелуваа да им служат на Амонците.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 19