Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 19:7-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Зедоа под наем за плата триесет и две илјади бојни коли, и царот на Маха со неговиот народ, та тие дојдоа и се настанија пред Медева. Амоновите синови се собраа од сите свои градови и дојдоа во бој.

8. Кога Давид го чу тоа, го испрати Јоава со сета своја јуначка војска.

9. Амоновите синови излегоа и се подредија во боен ред пред градската врата; а царевите кои дојдоа стоеја одделно во полето.

10. Откако ги виде поставените бојни редови кон себе, однапред и одназад, Јоав ги одбра најхрабрите меѓу Израелците и ги подреди спрема Арамејците.

11. Другата војска му ја предаде на братот Ависај, за да ја подреди спрема Амонците.

12. И му рече: „Ако Арамејците бидат појаки од мене, тогаш ти прискочи ми на помош; ако Амонците бидат појаки од тебе, јас ќе поитам кај тебе на помош.

13. Биди храбар и да се држиме јуначки заради народот и заради градовите на нашиот Бог; а Господ нека направи што Му е угодно.”

14. Тогаш Јоав и војската која беше со него почнаа да се доближуваат за да удрат на Арамејците, но тие избегаа пред нив.

15. Кога Амонците видоа дека Арамејците избегаа, избегаа и тие пред неговиот брат Ависај и се повлекоа в град. Тогаш Јоав се врати во Ерусалим.

16. А Арамејците, откако видоа дека Израелците ги поразија, испратија пратеници и доведоа Арамејци, што се од онаа страна на Реката, на чело со Софак, военачалник на Адар-Езеровата војска, кој ги предводеше.

17. Откако му го соопштија тоа на Давида, тој ги собра сите Израелци, и по преминувањето преку Јордан, им се доближи на Арамејците и се подреди пред нив; кога Давид се подреди во боен ред спрема Арамејците, тие почнаа бој со него.

18. Но Арамејците почнаа да бегаат пред Израелците, и Давид им истепа седум илјади коњи на бојните колесници и четириесет илјади пешаци; го погуби и военачалникот Софак.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 19