Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 22:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа Давид рече: „Ова е Домот на Господа и ова е жртвеник за паленици на Израел!”

2. Давид заповеда да се соберат странците, кои беа во Израелската Земја и одреди каменоресци, за да делкаат прописно камења за изградбата на Божјиот Дом.

3. Давид приготви многу железо за клинци на крилата на вратите и за рачките; и без мера многу бронза.

4. Многу кедровина, зашто Сидонците и Тирците му довезуваа многу кедрови дрва на Давида.

5. Зашто Давид мислеше: „Мојот син Соломон е млад и нежен, а Домот што треба да Му биде изграден на Господа треба да биде величествен, за слава и чест по сите земји. Ајде да му подготвам се.” И Давид подготви многу нешта пред својата смрт.

6. Потоа го повика синот Соломон и му заповеда да Му изгради Дом на Господа, на Израелевиот Бог.

7. Уште Давид му рече на Соломона: „Сине! Посакав во своето срце да Му изградам Дом на Името на Господа, својот Бог.

8. Но ми дојде Господовото слово: „Многу крв пролеа и водеше големи војни; не ќе Му изградиш ти Дом на Моето Име; зашто пролеа многу крв на земјата пред Мене.

9. Ете, ќе ти се роди син; тој ќе биде мирољубец, и ќе му дадам мир од сите негови непријатели отсекаде наоколу; името ќе му биде Соломон. Ќе му дадам мир и тишина на Израел во негово време.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 22