Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 22:9-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Ете, ќе ти се роди син; тој ќе биде мирољубец, и ќе му дадам мир од сите негови непријатели отсекаде наоколу; името ќе му биде Соломон. Ќе му дадам мир и тишина на Израел во негово време.

10. Тој ќе Му изгради Дом на Моето Име, тој ќе Ми биде син, а Јас ќе му бидам Татко нему, и ќе го утврдам неговиот царски престол над Израел довека.”

11. Сега, сине мој, Господ нека биде со тебе за да успееш за да Му изградиш Дом на Господа, својот Бог, како што рече за тебе.

12. Само Господ нека ти даде разум и мудрост кога ќе те постави над Израел, затоа да го пазиш Законот на Господа, својот Бог!

13. Ќе бидеш среќен ако ги вршиш внимателно одредбите и законите кои Господ му ги даде на Израел преку Мојсеја. Биди мажествен и храбар, не бој се и не плаши се!

14. Еве, јас при мојата скудност подготвив за Господовиот Дом сто илјади златни таланти, и илјада илјади сребрени таланти, а бронза и железо без мера, зашто го има толку многу. Подготвив и дрва и камења, а и ти додај нешто кон тоа.

15. Имаш многу добри работници, каменоресци, ѕидари, дрводелци и секакви вештаци во секое умеење;

16. златото, среброто, бронзата и железото немаат мера; и така, оди и гради, и Господ нека биде со тебе!”

17. Тогаш Давид им заповеда на сите израелски кнезови да му помагаат на неговиот син Соломон:

18. ”Не е ли со вас Господ, вашиот Бог, Кој ви даде мир отсекаде наоколу, зашто ги предаде во мои раце жителите на оваа земја, и земјата е покорена пред Господа и пред Неговиот народ.

19. И така, сега дајте со своето срце и со својата душа да Го барате Господа, својот Бог; одете и градете Му Светилиште на Господа Бога, внесете го Ковчегот на Господовиот Завет и светите Божји посатки во Домот што ќе Му биде изграден на Господовото Име.”

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 22