2. а Меселимиевите синови: првенецот Захариј, вториот Једијаил, третиот Зевадиј, четвртиот Јатнил,
3. петтиот Ела, шестиот Јоанан, седмиот Елијоенај.
4. Синови Овид-Едомови: првенецот Семај, вториот Јозавад, третиот Јоах, четвртиот Сахар, а петтиот Натанаил,
5. шестиот Амил, седмиот Исахар, осмиот Феултај, зашто Го благослови Бог;
6. а на неговиот син Семај му се родија синови, кои беа главатари во семејството, зашто беа храбри луѓе.
7. Синови на Семај беа: Готни, Рафаил, Овид, Елзавад со своите браќа, храбри луѓе, Елиуј и Семахиј.
8. Сите тие беа од Овид-Едомовите синови, тие и нивните синови и нивните браќа, храбри луѓе, способни за служба; беа шеесет и два од Овид-Едом.
9. Меселимиеви синови и браќа, храбри луѓе, беа осумнаесет.
10. Осини синови од Мерариевите синови: главатарот Симриј, иако не беше првенец, неговиот татко го постави за главатар;
11. вториот Хелкиј, третиот Тевалиј, четвртиот Захариј; сите синови и браќа на Ос беа тринаесет.
12. Ова се вратарските редови. Главатари на овие јунаци беа, како и нивните браќа, чувари во служба на Господовиот Дом.
13. Фрлаа жрепки, најмалиот како и најголемиот, по семејствата за секоја врата.