Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 26:23-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Од Амровците, од Исаровците, од Хевроновците и од Озиловците беа:

24. Севуил, син на Мојсеевиот син Гирсон, надгледник над сокровиштето.

25. Неговите браќа од Елиезер: Реавиј, син му, неговиот син Есаиј, неговиот син Јорам, неговиот син Зихриј, неговиот син Селомит.

26. Тој Селомит со своите браќа беше одговорен за сето сокровиште на посветените работи, кои ги посвети царот Давид со семејните главатари, со стотниците и со воените заповедници.

27. Посветија дел од воениот плен за да зајакне Господовиот Дом.

28. Сè што беа посветиле гледачот Самоил, Кисовиот син Саул, Нировиот син Авенир и Серуиниот син Јоав, сè посветено, беше под надгледништво на Селомит и на неговите браќа.

29. Исаровците Хенаниј и неговите синови беа над светските работи како надгледувачи и судии во Израел.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 26