1. Израелевите синови според својот број. Главатарите на семејствата, илјадниците, стотниците и надгледувачите му служеа на царот во секоја работа. Доаѓаа и си одеа во одреди од месец до месец, во сите годишни месеци; секој одред имаше дваесет и четири илјади луѓе.
2. Над првиот одред, во првиот месец, беше синот Завдилов Јасовеам. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади луѓе.
3. Им припаѓаше на Фаресовите синови и беше заповедник на сите военачалници во војската на првиот месец.
4. Над одредот во вториот месец беше Ахошецот Додај, а военачалник во неговиот одред беше Миклот. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади луѓе.
5. Военачалник на третата војска, на третиот месец, беше синот на свештеникот Јодај, главатарот Венај. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.
6. Тој Венај беше јунак меѓу трисетмината и над триесетмината, и во неговиот одред беше син му Амизавад.
7. Четвртиот, во четвртиот месец, беше братот Јоавов Асаил, а по него син му Зевадиј. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.
8. Петтиот, во петтиот месец, беше военачалник Езраелецот Самут, и во неговиот одред беа дваесет и четири илјади.
9. Шести, во шестиот месец, беше Икисовиот син Ира, Текоанец.
10. Седмиот, во седмиот месец, беше Фелонецот Хелис, од Ефремовите синови. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади.
11. Осмиот, во осмиот месец, беше Хусатецот Сивехај, Зариевец. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади.