Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 28:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давид ги собра во Ерусалим сите израелски кнезови, племенските кнезови и главатарите на одредите кои му служеа на царот, илјадниците, стотниците и надгледувачите над сиот имот и над царевото богатство и над благото на неговите синови, заедно со дворјанците и јунаците, со сите храбри војници.

2. Станувајќи на нозе, царот Давид рече: „Чујте ме, браќа мои и народе мој! Јас намислив во своето срце да изградам дом каде би почивал Ковчегот на Господовиот Завет и за да биде подножје на нозете на нашиот Бог, та подготвив што е потребно за градењето.

3. Но Бог ми рече: ‘Ти не ќе изградиш Дом на Моето Име, зашто си воин и пролеваше крв.’

4. Господ, Израелевиот Бог, ме избра мене од сиот мој род за да бидам цар над Израел засекогаш; зашто го избра Јуда за кнез, а од Јудиниот дом домот на мојот татко; од синовите на мојот татко Му беше драго да ме постави мене цар над сиот Израел.

5. Така од моите синови, зашто Господ ми даде многу синови, го избра мојот син Соломон да седи на престолот на Господовото царство над Израел.

6. И ми рече: ‘Твојот син Соломон ќе Ми ги изгради Мене Мојот Дом и Моите дворови; зашто него си го избрав за син, и Јас ќе Му бидам Татко.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 28