Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 4:21-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Синови на Јудиниот син Сила беа: Ир, таткото Лихин, Лада, таткото Марисин, и семејствата на платнарската куќа во Вет Асвеин;

22. Јоким и луѓето од Хасива Јоас и Сараф, кои владееја над Моав и се вратија во Витлеем. Но тоа се стари настани.

23. Тоа беа грнчари кои живееја во Нетаим и во Гедера кај царот и беа таму вработени кај него.

24. Симеонови синови беа: Немуил, Јамин, Јарив, Зера и Саул.

25. Негов син беше Салум, а негов син е Мивсам, негов син Мисма.

26. Мисмини синови беа: Амуил, син му, и неговиот син Захур, и неговиот син Симеј.

27. Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки; неговите браќа немаа многу синови, и сите нивни семејства не беа толку многу колку Јудините синови.

28. Живееја во Вир-Савеја, во Молада и во Асар-Саул,

29. во Вала, во Асем, во Толад,

30. во Ветуил, во Орма, во Сиклаг,

31. во Вет-Мархавот, во Асар-Сусим, во Вет-Виреја и во Сараим. Тоа беа нивни градови до Давидовото царување.

32. А нивни населби беа: Итам и Аин, Римон, Тохен и Асан, пет градови.

33. И сите нивни населби што беа околу тие населби до Вал. Тоа беа нивните станови и нивните племенски родословија.

34. Месовав, Јамлих и Амасиевиот син Јоса,

35. Јоил и Јуј, синот Јосивиев, син на Серај, синот Асилов,

36. Елиоинај, Јаков, Јесохај, Асај, Адил, Есимил и Венај,

37. Зиса, синот Сифиин, син Алонов, син Едаев, син Симриев, син Семаин.

38. Тие именуваните им беа старешини на своите родови, и нивните семејства се размножија многу.

39. Затоа отидоа до Гедор до источната страна на долината за да бараат пасиште за своите стада.

40. Најдоа изобилно и добро пасиште, и широка, безбедна и мирна земја. Бидејќи пред тоа таму живееја Хамовите потомци,

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 4