23. Тоа беа грнчари кои живееја во Нетаим и во Гедера кај царот и беа таму вработени кај него.
24. Симеонови синови беа: Немуил, Јамин, Јарив, Зера и Саул.
25. Негов син беше Салум, а негов син е Мивсам, негов син Мисма.
26. Мисмини синови беа: Амуил, син му, и неговиот син Захур, и неговиот син Симеј.
27. Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки; неговите браќа немаа многу синови, и сите нивни семејства не беа толку многу колку Јудините синови.
28. Живееја во Вир-Савеја, во Молада и во Асар-Саул,
29. во Вала, во Асем, во Толад,
30. во Ветуил, во Орма, во Сиклаг,
31. во Вет-Мархавот, во Асар-Сусим, во Вет-Виреја и во Сараим. Тоа беа нивни градови до Давидовото царување.
32. А нивни населби беа: Итам и Аин, Римон, Тохен и Асан, пет градови.
33. И сите нивни населби што беа околу тие населби до Вал. Тоа беа нивните станови и нивните племенски родословија.