Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 4:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. А таткото на Текуј, Асхор, имаше две жени, Ела и Нара.

6. Нара му ги роди: Ахузам, Ефер, Теман и Ахастар. Тоа се Нарините синови.

7. Елини синови беа: Серед, Јесоар и Етнан.

8. На Кос му се родија Анув и Совив и семејствата на Арумовиот син Ахарил.

9. Јавис беше пославен од своите браќа, и мајка му го нарече Јавис, велејки: „Го родив со болка.”

10. Јавис Го повика Израелевиот Бог говорејќи: „Ако ме благословуваш навистина, прошири го моето подрачје, Твојата рака нека биде покрај мене и запази ме од злото, за да не се измачувам!” Бог го исполни тоа за што Му се молеше.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 4