Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 5:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Синови на Израелевиот првенец Рувим. Тој навистина беше првенец, ама кога ја онечисти татковата постела, неговото право за првенство им беше дадено на синовите на Израелевиот син Јосиф, но не им беше запишано во родословието,

2. зашто Јуда надвладеа меѓу браќата, а од него се роди кнез. Сепак правото на првенство му припадна на Јосифа.

3. Синови на Израелевиот првенец Рувим беа: Анох, Фалуј, Есрон и Хармиј.

4. Јоилови синови: неговиот син Семај, негов син Гог, негов син Симеј,

5. негов син Миха, негов син Реај, негов син Вал,

6. негов син Веир, кого го одведе во ропство асирискиот цар Телгат-Фелнасар; тој беше поглавар на Рувимовото племе.

7. На неговите браќа, по семејства, кога се запишаа во племенското родословие по поколенија, главатар им беше Еил, Захариј,

8. Вела, синот Азазов, син Семин, син Јоилов. Тој живееше во Ароир и до Нева и до Вал Меон.

9. Кон исток неговата земја се простираше до влезот во пустината од реката Еуфрат, зашто добитокот му се намножи во Галадската Земја.

10. Во Сауловото време војуваа со Агарјанците, кои загинаа од нивната рака; така се населија во нивните шатори по сето источно подрачје од Галад.

11. Гадовите синови живееја близу до нив во Васанската Земја до Салха.

12. Јоел беше главатар, а втор Сафан, па Јанај и Сафат во Васан.

13. Нивни браќа по своите родови им беа: Михаил, Месулам, Сева, Јорај, Јахан, Зиј и Евер, седуммина.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 5