Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 5:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Јоел беше главатар, а втор Сафан, па Јанај и Сафат во Васан.

13. Нивни браќа по своите родови им беа: Михаил, Месулам, Сева, Јорај, Јахан, Зиј и Евер, седуммина.

14. Тоа беа синови на Авихаил, синот Уриев, син на Јарој, син на Галад, син на Михаил, син на Јесисај, син на Јадон, син на Вуз.

15. Ахиј, синот на Авдил, синот Гуниев, беше главатар на нивниот род.

16. Живееја во Галад и во нивните селца, та по сите саронски пасишта до нивните краишта.

17. Сите беа запишани во племенскиот родословник за време на јудејскиот цар Јотам и за време на израелскиот цар Јеровоам.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 5