Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 6:62-66 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

62. На Гирсоновите синови според нивните родови им припаднаа тринаесет градови од Исахаровото племе, од Асировото племе, од Нефталимовото племе и од Манасиевото племе во Васан.

63. На Мерариевите синови според нивните родови им припаднаа со жрепка дванаесет градови од Рувимовото племе, од Гадовото племе и од Завулоновото племе.

64. Така Израелевите синови им ги дадоа на левитите тие градови со пасиштата.

65. Ги дадоа со жрепка, од племето на Јудините синови, од племето на Симеоновите синови и од племето на Венијаминовите синови, тие градови кои се спомнати по име.

66. На оние кои беа од родовите на Каатовите синови, та добија со жрепка градови од Ефремовите племиња,

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 6