20. Ефремови синови: Сутал, неговиот син Веред, негов син Тахат, негов син Елеад, негов син Тахат,
21. негов син Завад, негов син Сутал, Есер и Елеад. Нив ги убија галадските граѓани, родени во земјата, зашто слегоа да им го одземат добитокот.
22. Затоа нивниот татко Ефрем тажеше долго време, а браќа му одеа да го утешуваат.
23. Тогаш влезе при својата жена, и таа забремени и роди син, а тој му даде име Верија, зашто несреќата се случи во неговата куќа.
24. Ќерка му беше Сера, која ги изгради Долниот и Горниот Вет Орон и Узен-Сера.
25. Син му беше Рефа, и Ресеф, неговиот син Тела, негов син Тахан,
26. негов син Ладан, негов син Амијуд, негов син Елисам,
27. негов син Нон, негов син Исус.
28. Нивен имот и нивните населби беа: Ветил и неговите села, кон исток Наран, кон запад Гезер и неговите села до Газа со нејзините села.