Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 7:22-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Затоа нивниот татко Ефрем тажеше долго време, а браќа му одеа да го утешуваат.

23. Тогаш влезе при својата жена, и таа забремени и роди син, а тој му даде име Верија, зашто несреќата се случи во неговата куќа.

24. Ќерка му беше Сера, која ги изгради Долниот и Горниот Вет Орон и Узен-Сера.

25. Син му беше Рефа, и Ресеф, неговиот син Тела, негов син Тахан,

26. негов син Ладан, негов син Амијуд, негов син Елисам,

27. негов син Нон, негов син Исус.

28. Нивен имот и нивните населби беа: Ветил и неговите села, кон исток Наран, кон запад Гезер и неговите села до Газа со нејзините села.

29. Во рацете на Манасиевите синови беа Вет-Сан со своите села, Танах со своите села, Мегидон со своите села, Дор со своите села. Во нив живееја синовите на Израеловиот син Јосиф.

30. Асирови синови беа: Емна, Есва, Есвај и Верија, и нивната сестра Сера.

31. Вериини синови: Евер и Малхил, тој беше Верзавитов татко.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 7