23. Тогаш влезе при својата жена, и таа забремени и роди син, а тој му даде име Верија, зашто несреќата се случи во неговата куќа.
24. Ќерка му беше Сера, која ги изгради Долниот и Горниот Вет Орон и Узен-Сера.
25. Син му беше Рефа, и Ресеф, неговиот син Тела, негов син Тахан,
26. негов син Ладан, негов син Амијуд, негов син Елисам,
27. негов син Нон, негов син Исус.
28. Нивен имот и нивните населби беа: Ветил и неговите села, кон исток Наран, кон запад Гезер и неговите села до Газа со нејзините села.
29. Во рацете на Манасиевите синови беа Вет-Сан со своите села, Танах со своите села, Мегидон со своите села, Дор со своите села. Во нив живееја синовите на Израеловиот син Јосиф.
30. Асирови синови беа: Емна, Есва, Есвај и Верија, и нивната сестра Сера.
31. Вериини синови: Евер и Малхил, тој беше Верзавитов татко.
32. Евер им стана татко на Јафлит, Сомир, Хотам и на нивната сестра Суја.