1. Сите Израелци беа запишани во племенските родословници, а запишани се и во книжниот свиток на израелските цареви. А Јудејците заради беззаконија беа одведени на заточение во Вавилон.
2. Први жители на свој имот и во свои градови беа Израелците, свештениците, левитите и Нетинците.
3. Во Ерусалим живееја луѓе од Јудините синови, од Венијаминовите синови, од Ефремовите синови и од Манасиевите синови, и тоа:
4. Гутај, синот на Амијуд, син на Амриј, син на Имриј, син на Вениј, првенец, со своите синови.
6. Од Зериевите синови: Јеуил и неговите браќа, шест стотини и девеесет.
7. Од Венијаминовите синови Салуј, синот на Месулам, син на Одуј, Асенуинин син;
8. Евниј, Јеровоамов син, и Ила, синот на Озиј, син на Махриј, и Месулам, син на Сефатиј, син на Рагуил, син Ивниин,
9. Имаа по своите родови девет стотини педесет и шест браќа. Сите тие беа главатари, секој на својот род.
10. Од свештениците: Едај, Јојарив и Јахин,
11. Азариј, синот Хелкиев, син на Месулам, син на Садок, син на Мерајот, син Ахитов, настојник во Божјиот Дом.