Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 9:12-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Адај, син Јеровоамов, син на Пасхор, син на Малхиј, син на Масај, син на Адил, син на Јазир, син на Месулам, син на Месилемит, син Имиров.

13. Нивните браќа, глави на семејства, борци кои извршуваа служба во Божјиот Дом, беа илјада осум стотини и шеесет.

14. Од левитот Семај, синот Асув, син на Азрикам, син на Асавиј, меѓу Мерариевите синови;

15. Ваквакар, Ерес, Галал и Матаниј, син на Миха, син на Зихриј, синот Асафов;

16. Овадиј, син на Семај, син на Галал, син Едутунов, и Варахиј, синот на Аса, Елканиниот син, кој живееше во Нетофатските Села.

17. Вратари: Салум, Акув, Талмон и Ахиман, и нивните браќа; Салум беше главатар;

18. и досега беше при царската врата кон исток. Тие беа вратари по четири на левитите.

19. Салум, синот Кореев, син на Евијасаф, син на Кореј, со своите браќа Кореевците од нивните семејства, беа одговорни за богослужбата; тие ги чуваа праговите на Шаторот, додека нивните татковци го чуваа влезот во Господовиот Стан.

20. Елеазаровиот син Финес некогаш беше настојник над нив (Господ беше со него!).

21. Меселемииниот син Захариј беше вратар при вратата на Шаторот на средбата.

22. Сите одбрани вратари на праговите беа двеста и дванаесет. Беа запишани во родословниците на своите села. На служба ги поставија Давид и гледачот Самоил заради нивната верност.

23. Тие и нивните синови чуваа стража при вратите на Господовиот Дом, Домот на Шаторот.

24. Вратарите стоеја на четири страни: на исток, на запад, на север и на југ.

25. Нивните браќа од по селата доаѓаа одвреме навреме за да им се придружат по седум денови.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 9