Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 9:31-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Мататиј, еден од левитите, првенец на Салум Кореецот, се грижеше за работите што се печеа во сад за пржење.

32. Некои од Каатовците, од нивните браќа, беа одговорни за лебовите што се поставуваа секоја сабота.

33. Тие беа и пејачи, главатари на левитските семејства. Кога беа слободни живееја во храмските соби, зашто беа на должност дење и ноќе.

34. Тоа беа главатари на левитските семејства според своето сродство. Тие главатари живееја во Ерусалим.

35. Во Гаваон живееја: Гаваоновиот татко Ехил, на чија жена името и беше Мака.

36. Син првенец му беше Авдон, па Сур, Ис, Вал, Нир, Надав,

37. Гедор, Ахиј, Захариј и Миклот.

38. На Миклота му се роди Симеам. И тие живееја во Ерусалим, со своите браќа.

39. На Нира му се роди Кис; а на Кис му се роди Саул; на Саула му се роди Јонатан, Малхи-Суј, Авинадав и Есвал.

40. Јонатанов син беше Мери-Вал. На Мери-Вала му се роди Миха.

41. Михини синови беа: Фитон, Мелех, Тереј и Ахаз.

42. На Ахаза му се роди Јара; на Јара му се родија Алемет, Азмавет и Зимриј; на Зимрија му се роди Моса.

43. На Моса му се роди Винеј; негов син беше Рафај, негов син Елеас, негов син Асил.

44. Асил имаше шест синови, на кои имињата им се: Азрикам, Вохеруј, Исмаил, Сеариј, Овадиј и Анан; тоа се Асилови синови.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 9