Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 1:24-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Натан рече: „Господару мој и цару, дали ти одреди: ‘Адониј ќе царува по мене и ќе седи на мојот престол?’

25. Зашто еве денес закла волови, згоени телиња и овци за жртва, и ги повика сите царски синови, војсководачи и свештеникот Авијатар; ене ги каде јадат и пијат со него и воскликнуваат: ‘Да живее царот Адониј!’

26. Но мене, твојот слуга, свештеникот Садок, а ни Венаја, синот Јодаев, ни твојот слуга Соломон не нè повика.

27. Зар тоа се случи по волјата на мојот господар цар, а да не го извести својот верен слуга кој ќе биде наследник на престолот на мојот господар цар по него?”

28. Тогаш Давид проговори и рече: „Повикајте ми ја Витсавеа!” Таа дојде кај царот и истапи пред него.

29. Тогаш царот и се заколна: „Така ми живиот Господ Кој ме избави од сите неволји!

30. Денес ќе ти исполнам како што ти се заколнав во Господа, Израелевиот Бог: ‘Твојот син Соломон ќе царува по мене’, тој ќе седи на мојот престол!”

31. Тогаш Витсавеа се наведна со лицето до земја, се поклони пред царот и рече: „Вечно нека живее мојот господар цар Давид!”

32. А Давид рече: „Повикајте ми ги свештеникот Садок, пророкот Натан, и Венаја, синот Јодаев.” И Тие дојдоа цред царот,

33. а тој им рече: „Земете ги со вас слугите на својот господар, качете го мојот син Соломон на мојата мазга и одведете го до Гион.

34. Таму свештеникот Садок и пророкот Натан нека го помажат за цар над Израел. Тогаш затрубете и објавете: ‘Да живее цар Соломон!’

35. Потоа искачете се со него ваму, и нека влезе и нека седне на мојот престол, и нека царува место мене, зашто моја волја е: тој нека биде глава над Израел и над Јуда.”

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 1