Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 12:20-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Кога Израелците научија дека се вратил Јевровоам, го повикаа во заедницата и го поставија за цар над сиот Израел. Давидовата куќа не ја следеше никој освен самото Јудино племе.

21. Откако дојде во Ерусалим, Ровоам го собра сиот Јудин дом и Венијаминовото племе, сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да удрат против Израелевиот дом и да му го вратат царството на Ровоама, Соломоновиот син.

22. Но му дојде Божјо слово на Божјиот човек Семеј:

23. ”Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, на јудејскиот цар и на сиот дом Јудин и Венијаминов, и на другиот народ:

24. Господ вели вака: ‘Не одете да се биете со браќата, со Израелевите деца! Секој нека се врати во својата куќа, зашто ова потекна од Мене.’” И тие го послушаа Господовиот збор, и се вратија како што им рече Господ.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 12