Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 15:10-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Царуваше четириесет и една година во Ерусалим; неговата баба се викаше Мака, а беше Авесаломова ќерка.

11. Аса правеше што е право во очите на Гопода, како и неговиот прататко Давид.

12. Ги протера од земјата „посветените блудници” и ги отстрани сите кипови што ги беа направиле неговите татковци,

13. самиот ја отстрани својата баба Мака да не биде царица, зашто и беше направила гад на Ашера. Аса го исече нејзиниот гад и го спали во потокот Кедрон.

14. Ама високите места не беа уништени; сепак Асиното срце Му беше приврзано на Господа за време на сиот негов живот.

15. Ги внесе во Господовиот Дом посветените дарови на татка си и своите: сребро, злато и садови.

16. Имаше војна меѓу Аса и Васа, израелскиот цар, во сите нивни денови.

17. Израелскиот цар Васа нападна на Јудеја и почна да ја утврдува Рама, за да му го спречи секое движење на јудејскиот цар Аса.

18. Тогаш Аса зеде сребро и злато, што останало во ризницата на Господовиот Дом и во ризницата на царскиот дворец, и им го даде на своите слуги та ги испрати кај Вен-Адад, синот Тамримов, синот Есионов, арамејски цар, кој престолуваше во Дамаск, и му порача:

19. ”Нека биде сојуз меѓу мене и тебе, како што беше меѓу мојот и твојот татко; еве, ти праќам дар - сребро и злато: ајде, раскини го сојузот со израелскиот цар Васа, за да отиде од мене.”

20. Вен-Адад го послуша царот Аса и ги испрати своите војсководачи против израелските градови, та тие ги покорија Ијон, Дан, Авел-Вет-Мака, сиот Хинерот и сета Нефталимова Земја.

21. А кога Васа научи за тоа, прекрати да ја утврдува Рама, и се врати во Терса.

22. Царот Аса ги повика сите Јудејци, без исклучок, и тие ги однесоа камењата и дрвото со кои Васа ја утврдуваше Рама, и царот Аса ги утврди со тоа Венијаминовата Гева и Миспа.

23. Другата Асина повест, сите негови победи, и сè што направи, и градовите што ги утврди, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви? А на старост боледуваше од нозете.

24. Аса почина со своите татковци, и беше погребан со своите татковци во градот на Давида, својот прататко. Неговиот син Јосафат се зацари место него.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 15