Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 2:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. И продолжи: „Имам нешто да ти речам.” Таа рече: „Зборувај.”

15. Тогаш тој рече: „И самата знаеш дека царството ми припаѓаше мене, и дека сиот Израел чекаше јас да бидам цар. Ама царството се измести од мене, и му припадна на мојот брат, зашто Господ му го наменил.

16. Сега јас те молам само едно: Немој да ме одбиеш.” Таа рече: „Зборувај.”

17. А тој продолжи: „Речи му те молам, на царот Соломон, да ми ја даде за жена Сунамката Ависага!”

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 2