Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 21:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. И луѓето во Навутеевиот град, старешините и главатарите, направија како што им заповеда Језавела и како што пишуваше во писмата кои им ги упатила.

12. Прогласија пост и го ставија Навутеја на чело на народот.

13. Тогаш дојдоа двајца никаквеци, и го оптужија Навутеј пред народот: „Навутеј ги проколнуваше Бога и царот.” И така го изведоа Навутеј надвор од градот, го опсипаа со камења, и тој загина.

14. Потоа и порачаа на Језавела: „Навутеј е каменуван и умре.”

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 21