Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 3:11-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Затоа Господ му рече: „Зашто го бараше тоа, а не посака ни долг живот, ни богатство, ниту смрт за своите непријатели, туку проницливост во пресудувањето на правдата,

12. еве ќе направам според твоите зборови: ти давам мудро и разумно срце, какво што немал никој пред тебе ниту ќе го има некој по тебе,

13. но ти давам и што не бараше: богатство и слава каква што нема никој меѓу царевите.

14. И ако одиш по Моите патишта и ако ги пазиш Моите закони и заповеди, како што правеше твојот татко Давид, ќе ги умножам твоите денови.”

15. Соломон се разбуди, и ете: тоа беше сон. Тој се врати во Ерусалим и застанаа пред Ковчегот на Божјиот Завет; принесе паленици и помирителни приноси, и им приреди гозба на сите свои слуги.

16. Тогаш дојдоа кај царот две блудници и застанаа пред него.

17. И едната жена рече: „Дозволи, господару мој! Јас и оваа жена живееме во иста куќа, и јас родив покрај неа во куќата.

18. А на третиот ден по моето породување роди и женава. Бевме заедно, и никој туѓ со нас; само ние двете во куќата.

19. Во една ноќ умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него.

20. И таа стана сред ноќта, го зеде мојот син од покрај мене, додека твојата слугинка спиеше, и си го стави во својата прегратка, а својот мртов син го стави покрај мене.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 3