Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 14:8-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Аса имаше војска триста илјади луѓе од Јудејците, кои носеа штит и копје, а од Венијаминовото племе двеста и осумдесет илјади, кои носеа штит и оптегнуваа лак. Сите беа храбри јунаци.

9. Етиопецот Зара излезе против нив со илјада илјади воини и со триста бојни коли и дојде до Мариса.

10. Аса излезе пред него; се подредија во боен ред во Сефатската Долина кај Мариса.

11. Аса извика кон Господа, својот Бог: „О Господе, за Тебе е ништо да му помогнеш на силниот или на слабиот! Помогни ни, о Господи, Боже наш, зашто се потпираме на Тебе и во Твое Име излеговме против ова мноштво! Господе, Ти си наш Бог, не оставај го силниот човек против Себе!”

12. Господ ги разби Етиопците пред Аса и пред Јудејците, та Етиопците избегаа.

13. Аса, со народот што беше со него, ги протера сè до Герара. Етиопците попаѓаа, така што ниеден не остана жив, зашто Господ и Неговите чети ги сотреа; и тие однесоа мошне голем плен.

14. Ги освоија сите градови околу Герара, зашто Господовиот страв дојде врз нив; ги ограбија сите тие градови, зашто во нив имаше многу плен.

15. Ги ограбија и шаторите за добиток и запленија многу ситен добиток и камили; а тогаш се вратија во Ерусалим.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 14