Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 17:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш на неговото место се зацари син му Јосафат; тој ја покажа својата сила против Израел.

2. Ја размести војската по сите утврдени јудејски градови и постави намесници по Јудејската Земја и по Ефремовите градови, кои ги беше зазел неговиот татко Аса.

3. Господ беше со Јосафат, зашто одеше по правите патишта на својот татко Давид и не ги побара Вааламите.

4. Го бараше Бога на своите татковци и одеше според Неговите заповеди не правејќи како Израелевите синови.

5. Затоа Господ го зацврсти царството во неговата рака, па сите Јудејци му даваа данок на Јосафата, така што придоби големо богатство и слава.

6. Неговото срце се охрабруваше на Господовите патишта, па ги отстрани уште и високите места и ашерите од Јудеја.

7. Во третата година на царувањето ги испрати кнезовите Вен-Хаил, Овадиј, Захариј, Натанаил и Михеј за да учат по јудејските градови.

8. И со нив левитите: Семај, Натаниј, Зевадиј, Асаил, Семирамот, Јонатан, Адониј, Товиј и Тов-Адониј; а со нив свештениците Елисам и Јорам.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 17