Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 20:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Во четвртиот ден се собраа во Долината на Благословот: таму Го фалеа Господа, па затоа тоа место беше наречено Емек Берака, Долина на Благослов, до денес.

27. Потоа сите Јудејци и Ерусалимци, со Јосафата на чело, се свртија за да се вратат во Ерусалим со веселба, зашто Господ ги развесели над нивните непријатели.

28. Дојдоа во Ерусалим со псалтири, со гуслиња и со труби во Господовиот Дом.

29. А Божјиот страв влезе во сите земни царства кога чуја дека Господ завојува против Израелевите непријатели.

30. Така се смири Јосафатовото царство, зашто Бог му даде мир од сите страни.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 20