поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36

Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А на Јотама му беа дваесет и пет години кога се зацари, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим. Името на мајка му беше Еруса, Садокова ќерка.

2. Правеше што е право во Господовите очи, сосем како татко му Озиј; само што не влезе во Господовиот Храм. Народот и натаму беше расипан.

3. Ја изгради Горната Врата на Господовиот Дом; градеше многу и на Офилскиот Ѕид.

4. Соѕида и градови по Јудејската Гора, а во горите дворци и стражарници.

5. Војуваше против царот на Амоновите синови и ги победи. Во таа година Амоновите синови му дадоа сто сребрени таланти и десет илјади кори пченица и десет илјади кори јачмен. Амоновите синови му платија толку и во втората и во третата година.

6. Така Јотам се зацврсти, зашто го среди својот живот пред Господа, својот Бог.

7. Другите Јотамови дела и сите негови војни и патишта запишани се во книжниот Свиток за израелските и јудејските цареви.

8. Му беа дваесет и пет години кога се зацари, царуваше шеснаесет години во Ерусалим.

9. Тогаш Јотам почина кај татковците, и го погребаа во Давидовиот Град. На неговото место зацари син му Ахаз.