Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 28:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На Ахаз му беа дваесет години кога се зацари, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим, но не правеше што е право во Господвите очи, како што правеше неговиот татко Давид.

2. Живееше како израелските цареви, па им излеа и ликови на вааловците.

3. Самиот кадеше во долината на Еномовиот син и ги помина сопствените синови низ оган, според гнасниот обичај на кривобожечките народи што Господ ги протера пред Израелевите синови.

4. Принесуваше жртви и кадеше по високите места и брежињата и под секое зелено дрво.

5. Затоа Господ, неговиот Бог, го предаде во рацете на сирскиот цар, та тој го разби, му зароби мноштво луѓе и го одведе во Дамаск. Уште беше предаден во рацете на израелскиот цар, кој го порази тешко.

6. Ремалиевиот син Фекај погуби меѓу Јудејците сто дваесет илјади храбри јунаци во еден ден, зашто го беа оставиле Господа, Бога на своите татковци.

7. А јунакот од Ефремовото племе Зихриј ги погуби царевиот син Масиј и дворскиот управител Азрикам, втор до царот.

8. Израелевите синови заробија од своите браќа двеста илјади жени, синови и ќерки, а зедоа и голем плен од нив и го однесоа во Самарија.

9. Таму имаше Господов пророк по име Одид; тој излезе пред војската што одеше во Самарија и рече: „Ете, Господ, Бог на вашите татковци, се разгневи на Јудејците и затоа ги предаде во вашите раце, та ги погуби гневно така што допре до небото.

10. А сега уште мислите да ги ставите под бреме Јудејците и Ерусалимците за да ви бидат робови и робинки; а сепак, не сте ли и вие полни со вина спрема Господа, својот Бог?

11. Затоа послушајте ме сега и вратете го тоа робје што го заробивте од своите браќа, зашто Господовиот гнев ќе се излее врз вас.”

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 28